Занимливост, Мистерии

Мистеријата на камењата Дропа

24 март, 00:04

Иако трагата им се губи и не се достапни за понатамошни испитувања, камењата Дропа остануваат едни од најголемите мистериозни откритија. 

Пронајдени се во 1938 година, во пештери на Хималаите. Ѕидовите на пештерите биле украсени со цртежи на небото, сонцето, ѕвездите и земјата, поврзани со линии и точки и се претпоставува дека се стари 10 до 12 000 години. 

Во пештерите биле откриени остатоци од човеколики суштества високи едвај 1 метар, со необично големи глави и премногу долги раце и нозе во однос на големината на телото.

Пронајдени биле и 716 камени дискови, со отвори во центарот, кои потсетуваат на денешните цд дискови. 

За мистеријата да биде уште поголема, на дисковите биле испишани записи на дотогаш непознат јазик, па освен што биле едвај видливи со голо око, речиси било невозможно записите да се преведат. 

Камењата содржеле големо количество кобалт, па се поставува прашањето како биле изгравирани толку ситни записи на цврст материјал како што е кобалтот. 

Во 1962 година, Др. Tsum Um Nui успеал да ја одгатне приказната запишана на камењата.

Според него, записите зборувале за вонземјани кои се срушиле на Хималаите и останале да живеат таму, заедно со локалното племе Ham. 

На Хималаите навистина постојат две мистериозни  племиња, Ham и Dropa, а нивните припадници се мали по раст, со релативно големи глави, слични како остатоците пронајдени во пештерите. 

Антрополозите не можат да откријат на која раса припаѓаат овие две племиња. Не се ни кинези ни тибетанци, по бојата на кожата спаѓаат во жолтата раса, но нивните очи се необично големи и сини, што не е случај со азиската раса. 

Во 1968 година дел од камењата биле испитувани во Русија. Откритието било неверојатно!

Кога ги ставиле на осцилограф, научниците забележале осцилациски ритам, како камењата некогаш да биле наелектризирани и да служеле како електрични проводници. 

За жал, Кина забранила понатамошно испитување, па не може со сигурност да се потврди преводот на записите, ни староста на камењата Дропа. 

Со текот на годините, дел од камењата се загубиле низ музеите и воопшто не се достапни за јавноста.

Сепак, остануваат сликите на ова чудесно откритие кое чека да биде подетално проучено.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3065 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

14 Мај

14 Мај

Во 1984 година во Њујорк е роден Марк Цукерберг, ко-основачот на социјалната светски позната и користена мрежа Facebook.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус