Животен стил, Кујна, Рецепти

Домата - сок од домати

22 септември, 06:38

Состојки:
5 кг. домати
1 мало лажиче салицил
сол по вкус
магданос по вкус
неколку мелени пиперки
луто пиперче по вкус

 

 

Подготовка:

Доматите од кои ќе се прави домата треба да бидат сосема зрели.

Зрелите домати убаво се чистат, се мијат и се мелат во машина за мелење месо.

Сокот кој ќе се добие од доматите се става во поголем длабок сад.

Ако добиениот сок е 5 литри ставете 1 мала лажичка салицил и сол по вкус, а, ако течноста е повеќе од 5 литри, сразмерно ставете салицил и повторно сол по вкус.

Во доматата може да се стави и исечкан магдонос, сечкано луто пиперче или неколку мелени пиперки кои претходно треба да бидат убаво измиени и без семки. 

Потоа, доматата се меша подолго време, сè додека не се стопи салицилот и солта.

Сокот од домати се става во убаво измиени и суви шишиња. Шишињата се дополнуваат до врвот со масло и убаво се затвораат со тапи. 

Доматата се чува на темно и ладно место. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 11081 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус