Филм

Големиот Гетсби

09 јуни, 05:52

Светот за прв пат дозна за Гестби во 1925 година кога Ф.Скот Фицџералд го објави легендарниот роман. Иако во почетокот не постигна голем успех, години подоцна „Големиот Гестби” го обиколи светот и се смета за еден од најголемите литературни класици, а во 1974 беше снимен и филм, со легендарниот Роберт Редфорд во улогата на Гетсби.

Режисерот Баз Лурман повторно го оживеа ликот на Гетсби, овој пат преку Леонардо Ди Каприо.

„Големиот Гестби”  е приказна за младиот и таинствен милионер кој постојано приредува забави на кои никогаш не се појавува. Едноставно набљудува од прозорецот, чекајќи да се појави Дејзи, љубовта на неговиот живот...

Приказната е иста, но она што овој филм го прави поразличен од првата екранизација е динамичноста, гламурот и одличната музика.

Џеј Зи, Бијонсе, Готје, Ферги, Лана Деј Леј се само дел од музичките ѕвезди кои соработуваа за филмот и создадоа музика која освојува, ве враќа во времето на џезот, во 20 – те години од минатиот век.

Критиките за филмот се поделени, но никој не може да го оспори квалитетот на актерската екипа (Каприо, Тоби Мекгваер, Кери Милиган...), нити пак да го негира квалитетот на музиката.

Иако книгите се секогаш подобри од филмовите, гламурот на забавите и одличната музика која освојува не се доживуваат читајќи, па доколку треба да изберете меѓу книгата или филмот, ние ви ги препорачуваме и двете, а изборот секако е ваш.

Уживајте во прекрасната изведба на Лана Деј Леј, чија песна „Young and Beautiful” е првиот сингл од албумот за „Големиот Гетсби”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2640 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

5 Мај

5 Мај
Во 1988 година, во Англија, во северниот дел на Лондон, е родена мега популарната пејачка Адел, која за многу кратко време стекна светска слава и се вивна помеѓу популарните музички ѕвезди. 
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус