Мистерии

Зона на тишината – мистерија за која науката нема објаснување

21 мај, 00:49

Сте се запрашале ли некогаш дали сме сами или некаде далеку од нас има интелигентен облик на живот?

Можеби одговорот се крие токму во „Зоната на тишината”, едно од најмистериозните места на планетата Земја.

Ако патот ве одведе во северно Мексико и тргнете западно од Ел Пасо, ќе влезете во „Зоната на тишината” – пустина која крие многу тајни кои ни современата наука не може да ги објасни.

Силното магнетно поле ги попречува сите видови сигнали, инструментите на авионите престануваат да работат, нема радио или сателитска врска, нема ништо друго освен тишина, речиси безживотна почва, мутиран животински свет, ниски планини и необично ведро небо.

30

Токму овде сончевата светлина е далеку посилна од било кое друго место на планетата, феномен кој науката не може да го објасни.

Она што се случува со инструментите и врските над Бермудскиот триаголник, се случува и во „Зоната на тишината”, која меѓу другото се наоѓа на истата паралела со Триаголникот, пирамидите во Египет, како и многу древни светилишта и храмови низ светот.
Случајност или не?

Зона на тишината, мистерија, бермудски триаголник, пирамиди египет, мексико, НЛО, вонземјани, zona na tisinata, NLO, vonzemjani, misterii, bermudski triagolnik
         Од лево на десно - „Зоната на тишината” - Бермудскиот триаголник - пирамидите во Египет

Овој дел од Земјата е место каде постојано паѓаат метеори, а во 1969 година токму овде падна метеорит со големина на автомобил, најголемиот метеорит пронајден на нашата планета.

Локалното население со години сведочи за чудни светла кои се појавуваат во ноќта, како и за високи луѓе со необично светла кожа кои одвреме-навреме се појавуваат речиси од никаде, бараат малку вода и продолжуваат кон „Зоната на тишината”. На прашањето од каде доаѓаат, одговараат само: „Од горе”.

Поттикнати од многубројните сведоштва за НЛО, истражувачите на теоријата за постоењето на вонземјани откриле дека древните цивилизации кои некогаш го населувале Мексико се среќавале токму на ова место за да разменуваат искуства и знаење. Во записите на овие древни цивилизации се спомнуваат нивните богови кои дошле од небото, богови кои биле високи и имале бела кожа.

Дали „Зоната на тишината” е место каде древните цивилизации оствариле контакт со вонземјани или сепак постои научно објаснување за сè што се случува на ова место, останува на времето да покажи.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5344 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус