Убава наша, Разгледници

Валандово

19 февруари, 09:35

Валандово е мало гратче кое се наоѓа во југоисточниот дел на нашата земја. Патот кој води до Валандово е оној истиот кој треба да се помине, доколку се сака да се стигне до Дојран или до Струмица. 

Градот е многу блиску до три наши гранични премини и тоа: до граничниот премини Ново Село е оддалечен 48 км, до Богородица 30 км и од граничниот премин Дојран 26 км. Поради оваа мала оддалеченост, многу често е посетуван од граѓаните на нашите соседни држави.

Поради преубавата местоположба и медитеранската клима која се карактеризира со многу сончеви периоди и топли денови во текот на цела година, во Валандово успеваат многу градинарски култури како калинките, маслинките, јапонските јаболка, зелката, доматот, пиперката, кромидот и многу други. 

Валандово е сместен помеѓу Демиркаписката клисура и планините Плавуш и Беласица, на источниот дел на реката Вардар. 

Низ историјата многу пати бил уриван и разрушуван од природни катастрофи, земјотреси, поплави, епидемии и пожари, но сепак на крај, успеал да прерасне во град со многу добро развиено земјоделство и градинарство. 

Се наоѓа на многу мала надморска височина, на околу 82 метри и претставува една од нашите најниски општини.

Она што е многу важно и што треба да се спомне за Валандово е љубезноста и гостопримливоста на валандовчани. 
Секој патник намерник, домаќините со многу внимание и љубов го упатуваат на непознатото место, со многу љубов, емоции и сјај во очите објаснуваат и раскажуваат за животот во Валандово, со топли воздишки се навраќаат назад низ времето и несебично споделуваат и раскажуваат делови од своите животи.

Поради малата површина која ја зафаќа градот нема многу работи кои можат да се посетат, но тие неколку објекти, историски споменици, цркви и манастири кои ги има, се уредени со многу внимание и љубов и претставуваат вистински знаменитости.

Помеѓу нив мора да се спомне спортско рекреативниот центар „Извор” кој се наоѓа веднаш над градот, на патот кој води до добро познатиот манастир Св. Ѓорѓија. Опкружен е со јаворови дрвја и низ него поминува ладна и питка изворска вода, по која целиот комплекс го добил името „Извор.” 
Во комплексот се наоѓа хотел составен од 11 двокреветни соби, ресторан кој работи секој ден и во кој се организираат различни прослави, како и базени кои се функционални во текот на летната сезона и кои валандовчани ги користат за одмор и рекреација.

Природата околу комплексот Извор е преубава и разновидна. Чистиот планински воздух и погледот кој од ова место се добива над целиот град и соседните села е несекојдневен и восхитувачки.

Доколку сè уште немате отидено во Валандово, ви препорачуваме тоа да го направите. Верувајте ќе доживеете посебен мир во душата, а со тоа ќе го збогатите вашето духовно искуство. 

Треба да се запознаваме и да учиме за сите наши градови, села, општини и населени места од нашата земја, а Валандово е еден од градовите кој ќе ве плени на прв поглед. 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7473 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

8 Декември

8 Декември

Во 1980 година, поранешниот член на Битлси, Џон Ленон бил застрелан од непознат напаѓач.

© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус