За неа

Како да уживате на вашата свадба

09 август, 13:53

Секоја девојка сонува за денот кога ќе облече венчаница и ќе застане на лудиот камен. А како што се приближува тој ден, така расте и неспокојството и низ мислите ни минуваат безброј прашања.
Дали сѐ ќе помине совршено? Ќе ми се допадне ли шминката и фризурата? Дали ја избрав вистинската венчаница?
Колку и да планираме и организираме, секогаш има нешта кои не можеме да ги предвидиме, а кои може да влијаат на нашето расположение. Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да уживате на вашата свадба:

  • Изберете венчаница во која убаво ќе се чувствувате. Не е важно дали ќе биде по најнова мода и дали ќе им се допадне на другите. Важно е да ви се допаѓа вам.
  • Шминката и фризурата нека бидат по ваш вкус. Ако ретко се шминкате и не сакате фризури, не експериментирајте на денот на вашата свадба. Нема правило дека невестата мора да има најнова фризура и да има интензивна шминка. Едноставна фризура и сосема малку шминка можат да бидат полн погодок.
  • Не очекувајте сѐ да биде совршено! Секогаш може да се случи нешто кое не било предвидено, но тоа не значи дека треба да се грижите, напротив, спонтаните ситуации се многу поубави од планираните. А што ако заврне и венчаницата ви се извалка? Ништо страшно. Венчаницата и онака ќе се извалка, но вие ќе се сеќавате на денот кога романтично сте чекореле низ паркот под чадор.

Девојки, денот на вашата свадба е само ваш ден. Од вас зависи како ќе се сеќавате на него. Помалку планирајте, а повеќе уживајте! Не грижете се за ништо, бидете природни и насмеани и не заборавајте: секоја невеста зрачи со некаква посебна енергија и убавина. Не дозволувајте ништо да ви го расипе расположението и уживајте во секој миг, бидејќи овој посебен ден се случува само еднаш во животот!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2280 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

9 Февруари

9 Февруари

Во 1974 година е родена американската актерка и модел Амбер Валета. 

© 2023 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус