Филм

The Dark Knight Rises

17 август, 14:32

Поминаа осум години откако Бетмен (Кристијан Бејл) исчезна и од херој стана бегалец. Превземајќи ја одговорноста за смртта на Харви Дента, витезот на темнината жртвуваше сè што треба за повторно да му служи на доброто.

Со доаѓањето на Бејн (Том Харди), маскираниот терорист чија цел е да го протера Бетмен од Готам, филмот добива кулминација која е својствена за филмовите на Кристофер Нолан.

Бетмен (Кристијан Бејл) можеби нема да може на почетокот да успее да му се спротистави бидејќи сега е постар и не е во добра форма, веќе осум години, но повторно ќе се бори против лошото и ќе го заштити градот кој пред осум години го обележа него како непријател...

Во останатите улоги се појавуваат: Ен Хатавеј која го игра ликот на Селина, Морган Фримен кој се појавува во улогата на Фокс, Мајкл Кејн какоАлфред и многу други.

Погледнете го најновото остварување на Кристофер Нолан и дознајте зошто овој филм ги собори рекордите на посетеност во кино салите.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1825 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус