Едноставен гест

14 октомври, 13:58

Еден ден додека Марк се враќал од училиште, забележал дека на момчето кое одело пред него му паднале книгите од рацете и сите други работи кои тоа ги носело со него. 
Палката за бејзбол, џемперот, ракавиците и малиот магнетофон во еден миг се нашле на земја.
Само што забележал Марк, се наведнал и почнал да му помага на непознатото момче, па така за многу кратко време сѐ што било расфрлано на земја повторно се нашло во неговите раце.
Откако собрале сѐ, бидејќи и двајцата оделе во ист правец, Марк му помогнал со пренесување на работите. 
Додека оделе еден покрај друг Марк дознал дека новиот пријател се вика Бил, дознал дека сака да игра бејзбол, дека сака историја, но дека има проблем со совладувањето на материјалот од останатите предмети и дознал дека пред извесно време раскинал со неговата девојка. 
Кога стигнале до куќата во која живеел Бил, Марк бил поканет на сок. 
Марк го прифатил предлогот и целото попладне двајцата нови другари го поминале со пријатен разговор.

После тој ден новите другари сѐ почесто и почесто се среќавале, бидејќи дознале дека учат во истото училиште. 
Неколку пати ручале заедно и потоа и двајцата успешно го завршиле средното училиште. 
По завршување на средното училиште се запишале на ист факултет па затоа скоро секојдневно се гледале и се дружеле.

Откако станале доволно блиски другари, Бил го замолил Марк да се сретнат, бидејќи сакал да поразговара со него. 
Кога се сретнале, Бил го потсетил Марк на денот кога прв пат се сретнале. 
„Дали некогаш си се запрашал зошто тој ден носев толку многу работи со мене?” - прашал Бил. „Тој ден го испразнив моето шкафче од училиште бидејќи не сакав да оставам нешто несредено зад мене. Скришно од мојата мајка зедов таблети за спиење и во моментот кога се сретнавме, одев дома за да ги испијам, бидејќи не сакав никогаш повторно да се разбудам. Но бидејќи после првата наша средба извесно време поминувавме заедно смеејќи се и разговарајќи, сфатив дека кога би си го одзел животот, ќе ми недостасува времето кое заедно би го поминувале во иднина, како и времето кое допрва треба да дојде. 
Па затоа Марк, оној ден кога ми помогна да ги соберам испаднаните книги и предмети, ти ми помогна многу повеќе од тоа, едноставно го спаси мојот живот. Заради тоа сум ти многу благодарен.”


Колку пати секој од нас се има најдено во ваква слична ситуација? Колку пати секој има шанса за нешто да му помогне на друг? Одговорот е многупати. 
На овој одговор се поставува едно друго многу поважно прашање. 
Дали во слични вакви ситуации ја даваме нашата помош и „спасуваме” нечиј живот, или само немо, без да  придаваме никакво значење, поминуваме и заминуваме? 
Животот го искушува секој еден човек. Животот подготвува ситуации во кои ќе се види и покаже нашата добрина и нашата хуманост. Ние сме тие кои го имаме правото на избор, ние сме тие кои одлучуваме дали некому ќе помогнеме или не. 
Но знајте и имајте на ум, дека без разлика на одлуката која ќе ја донесете во моментот кога би се нашле во некоја слична на ова ситуација, дека и вие можете да се најдете на местото на другиот, дека некогаш и вас ќе ви биде потребна нечија помош. Па од она што вие на другите ќе им го понудите како помош, ќе зависи и тоа дали некој вас ќе ви помогне кога навистина ќе ви биде потребно. 
Помошта не мора секогаш да биде материјална, некогаш е доволен само еден збор или само една мала насмевка.

Сепак ве оставаме да размислите како вие би постапиле во ваква ситуација и кој ќе биде вашиот избор. Убаво размислете!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2282 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус