Мистерии

Мистеријата на изгубениот град Шамбала

21 мај, 06:37

Со илјадници години низ светот се пренесуваат легендите и извештаите на истражувачите дека некаде зад Тибет, меѓу врвовите и долините на Централна Азија лежи древниот град Шамбала – место на универзална мудрост и мир.

Легендите раскажуваат дека Шамбала било место каде владееле љубовта и мудроста, неправдата не постоела, а во Шамбала престојувале само оние кои имале чисто срце и душа.

 

Истражувачите тврдат дека влезот во Шамбала е скриен некаде во планините, но за многумина овој град е некаде на границата на физичката реалност, еден вид на мост меѓу овој и духовниот свет, вистински центар на планетата и на духовната сила.

Во тибетанската традиција Шамбала има место на света, чиста земја, а нејзиното постоење се признава и почитува во најмалку осум религии ширум светот.

Овој свет град има значајно место во текстовите познати како Kalachakra – колекција на будистичкото знаење каде се собрани знаењата на Будистите од областа на астрологијата, човечкото тело, медитацијата, ритуалите, сè што овие духовни луѓе научиле и откриле низ годините.

Шамбала прикажа во текстовите Kalachakra

Шамбала со децении е место кое истражувачите се обидуваат да го пронајдат.

Еден од најпосветените истражувачи на Шамбала, Николас Ројрих, за време на својата експедиција на Тибет подигнал споменик во чест на Шамбала, а на местото каде што го изградил светилиштето започнале да се собираат тибетанските лами.

Споменикот во чест на Шамбала

Еден од ламите му кажал на Ројрих дека за време на една нивна средба, голема птица се појавила над нивните глави, кружела извесно време, па се упатила кон планините, придружувана од необична светлина.

Според ламите, птицата била знак за Шамбала и благослов од градот на мудроста.

Историјата крие многу мистерии чии легенди опстанале со илјадници години.

За оние кои веруваат, Шамбала е уште еден доказ за високото ниво на развиеност на древните цивилизации и значењето на духовноста и мудроста.

За оние кои бараат исклучиво опипливи и видливи докази, Шамбала можеби никогаш нема да биде пронајдена.

Можеби овој древен град е навистина само мост до човечката духовност и внатрешниот мир, па доколку навлеземе длабоко во нашата душа, ќе го пронајдеме во секој од нас.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2198 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус