Мој предлог, Книга

„Моќта на позитивното мислење” од Норман Винсент Пил

27 март, 00:05

Д-р Норман Пил е познат и многу ценет писател кој веќе има издадено повеќе од триесет книги. 
Темата во скоро сите негови дела е позитивното размислување, позитивниот пристап кон животот и кон сѐ што ни се случува на сите нас. 
Пил е истакнат говорник, човек кој преку неговите пишани зборови може да допре до сечие срце. 
Зборовите напишани од неговото перо имаат моќ да го променат животот на секој кој е спремен на тоа. 
Јазикот на кој пишува е едноставен и лесно разбирлив, па така неговите дела се наменети за читачката публика од секој вид.

Најпознатото дело на Норман Винсент Пил е „Моќта на позитивното мислење” - книга која е продадена во повеќе од 15 милиони примероци и е преведена на 40 јазици.

Оваа книга има моќ да ја открие и да ја разбуди заспаната сила во секој човеков ум. 
Од нејзиното појавување, во далечната 1952 година се појавиле и други слични на неа книги, а многу филозофски правци се темелат под влијание токму на оваа книга. 
Сепак едноставноста на ова ремек дело и понатаму продолжува да блиска со непроменет сјај исто како и на самиот почеток.

Моќта на позитивното мислење е класична збирка на методи кои покажуваат дека промената на нашиот став кој го имаме кон нештата ќе предизвика и промена во нашиот живот. 
Книгата нуди успех во сѐ и покажува пат за совладување на сите препреки. 
Не постојат нерешливи проблеми ниту нерешливи препреки. 
Од стравот и очајот се раѓа надежта, среќата и повторното верување во животот. 

Пораките кои ќе ги пронајдете во оваа книга се вечни. Тие нудат нешто многу повеќе од обично тапкање по рамена. Тука се десетте практични правила за развој и постигнување на самодоверба, петте методи за постигнување на материјален и емоционален успех, трите докажани методи за одржување на највисоко енергетско ниво и програмата во десет члена за отстранување на грижите.

Оваа книга е многу повеќе од книга. Таа ги води сите читатели, ги поучува и учи како сите негативни чувства и емоции да успеат да ги претворат во позитивни ставови кои водат до внатрешен мир и вистински достигнувања.

„Моќта на позитивното мислење” е книга која секој треба да има во својот дом бидејќи таа е книга водилка, книга која ќе ви го покаже вистинскиот пат, книга која ќе ви ги открие вистинските вредности во животот и книга која ќе ве натера да направите коренити промени со цел да бидете посреќни и порадосни. 
Верувајте дека ова е книга која вреди да се прочита и да се има во домашната библиотека.  


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5065 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус