Поучни приказни

Прозорецот на надежта

04 август, 06:31

Во една болничка соба биле сместени двајца тешко болни луѓе кои морале постојано да лежат.

Собата имала само еден прозорец, па лекарите одлучиле до прозорецот да го сместат човекот на кој во белите дробови му се собирала вода, па еден час во текот на денот морал да седи во креветот, додека другиот не смеел воопшто да станува.

Кога ќе дојдел тој еден час, човекот погледнувал низ прозорецот и раскажувал што сè гледа надвор. Раскажувал за малото езерце по кое пливале патки, за децата кои си играле покрај езерцето, за синилото на небото, шаренилото на цвеќињата...

Другиот човек внимателно слушал и живеел само за тие моменти кога можел да дознае што се случува надвор од болничката соба.

Минувале недели, а човекот кој не бил до прозорецот сè повеќе чувствувал љубомора бидејќи не бил сместен на креветот до прозорецот. Кога една ноќ другиот човек се гушел, не направил ништо за да му помогне.

Наредното утро креветот до прозорецот бил празен, па болниот ги замолил докторите да го префрлат на тој кревет. Болниот малку се подигнал, возбуден што ќе може да ужива во глетката на езерцето. Кога погледнал низ прозорецот, не можел да им поверува на своите очи.

Низ прозорецот се гледал само еден обичен ѕид.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2633 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус