Креативни идеи за велигденски салвети
Најголемиот христијански празник Велигден се прославува насекаде низ светот. Овој празник е омилен помеѓу луѓето затоа што целата фамилија се собира на едно место.
Сите членови на семејството на овој голем ден се сплотени заедно.
Трпезата на Велигден е од голема важност за секој, бидејќи токму на неа се собира целото семејство.
Кујната мириса прекрасно, се подготвуваат омилените специјалитети, се шири неодоливиот мирис на храна ... едноставно сѐ е прекрасно и волшебно на Велигден, а украсените велигденски јајца се само уште една алка која се вклопува во велигденската приказна и ја прави толку посебна и магична.
Секоја домаќинка посебно внимание ѝ посветува на убаво декорираната велигденска трпеза. Таа се труди сѐ да е на свое место, сѐ да е во склоп со храната која се сервира, сервисот да е во склоп со бојата на чаршафот, салветите да одговараат, да се соодветни и да го симболизираат овој празник.
Кога сме веќе кај салветите, се надеваме дека со нашите денешни прекрасни велигденски идеи ќе ја збогатиме и надополниме свечената велигденска трпеза.
Салветите лесно се подготвуваат и не одземаат многу време, а нивната симболика ја доловува велигденската магија.
Зајачињата, морковчињата, јајцата сите тие заедно асоцираат на Велигден, а и токму такви се и нашите идеи за салвети.
Погледнете ги, направете ги и овој Велигден имајте неодоливо прекрасна велигденска трпеза.
За многу години да ни е празникот Велигден!
Додади коментар