Интересно
Што кажува вашето име за вас?
Нумерологијата е еден вид наука која со помош на релациите меѓу одредени броеви доаѓа до сознанија за животниот пат, позитивните и негативни особини на личноста и воопшто за личноста како целина.
Според нумерологијата, секое име има значење кое кажува нешто за личноста која го носи и не случајно го добила.
Што значи вашето име?
За да откриете што кажува името за вас, потребно е да го пресметате бројот кој го претставува вашето име.
На парче хартија запишете ги вашето име и презиме на латиница, потоа секоја буква од нив заменете ја со соодветниот број и направете збир од сите тие броеви.
A, J, S = 1
B, K, T = 2
C, L, U = 3
D, M, V =4
E, N, W =5
F, O, X = 6
G, P, Y = 7
H, Q, Z = 8
I, R = 9
Одете според следниот пример:
Maja Acevska
(m)4+(a)1+(j)1+(a)1+(a)1+(c)3+(e)5+(v)4+(s)1+(k)2+(a)1=24=2+4= 8
Секогаш мора да завршите со едноцифрен број или еден од главните, т.н. Мастер броеви 11 или 22.
Доколку го пресметавте бројот кој го претставува вашето име, дознајте кои се вашите позитивни и негативни страни како личност, и обидете се да се промените на подобро.
Значења на броевите кои го претставуваат името
Додади коментар