Здравје, Чаеви и масти

Ајдучката трева е чудо од билка

16 август, 11:28

Ајдучката трева која многу добро е позната помеѓу треварите и луѓето кои се занимаваат со алтернативен начин на лекување, е тревка која има огромно позитивно дејство врз здравјето на луѓето.

Тревката е распространета низ цела Европа и расте покрај патишта, по умерено влажни ливади и полиња и на каменети места каде има континентална клима.

За време на цутењето од мај до јуни се собираат цветовите и горниот дел од билката.
Отсечените делови се врзуваат во китки и се сушат во проветрени места.
Вака добиениот сув лек има ароматичен мирис и по малку горчлив и малку солен вкус.
Бидејќи стеблото не содржи лековити состојки, подобро е да се употребуваат само листот и цветот.
Поради тоа билката со поголемо стебло е помалку ценета.
Сувата билка се пакува во вреќи од јута или во картонски кутии и се чува заштитена од светлост една и пол година.

Поради големото количество горчливи материи и етерично масло, ајдучката трева се вбројуваа во горчливите лекови.

Се користи во облик на чај за подобрување на апетитот, при желудочни тегоби, надуеност и тешко варење.

Надворешно ајдучката трева се употребува слично како камилицата, за испирање, како купка и за облоги.

Поради огромното присуство на витамин Ц се дава при крвавење и хемороиди.

Консумирањето на чај од ајдучка трева помага за: јакнење на крвта и органите за варење, лечење на црниот дроб, панкреасот, слезината, жолчката, навалата на крв во главата, грчеви, грозница, тахикардија, болки во коските и грбот, нередовна менструација, крвави и затворени хемороиди, несоница, разни исипи и чирови. 
Исто успешно се покажало и надворешното дејство од овој чај при лечење на испукани раце, рани на брадавиците на мајките што ги дојат своите деца и лечење на псоријаза. При псоријаза, покрај облоги, мора да се спроведе и чистење на крвта.
Исто оваа тревка се употребува и при ангина пекторис како чај.
Кај нервно заболени лица се препорачува почесто миење на телото со разладен чај од ајдучка трева и тоа наутро и навечер. Топлите купки кои се мешавина од  ајдучка трева и камилица ги ублажуваат нервните болки.
Ајдучката трева ги намалува и тегобите при гихт и ревматизам.
Поволно дејствува при лекување на шеќерна болест, особено доколку е во почетен стадиум.
Корисна е и при прекумерно крвавење.
Ајдучката трева спаѓа во оние лековити средства кои со својот горчлив вкус дејствуваат на слузницата на желудникот, па така го поттикнуваат лачењето на желудочниот сок, а со тоа го поттикнуваат и апетитот. Поволно дејствува при ресорпција на храната. Лековитите препарати од ајдучка трева, односно мешавината од чаеви, помагаат при гастритис, колитис, грчеви во желудникот и цревата. Калиумот кој го има во тревката ја потпомага работата на бубрезите и крвотокот, па така посредно дејствува на работата на срцето, а успешно се користи и кај женските болести.

При употреба на ајдучката трева треба да се знае дека може да предизвика алергија. Затоа луѓето што се чувствителни на неа треба да користат само млади, тукушто процветани билки, а чајот треба да го пијат во мали количества.

Виното од ајдучка трева за подобар стомак е само еден од многуте рецепти кои се прават од оваа тревка и кои во народната медицина до сега се имаат покажано како многу успешни лекови.

Ова е рецептот: истолчете добро 120 гр. цветови од ајдучка трева, ставете ги во шише со 1 и ½ литар суво бело вино и оставете ги затворени да отстојат 1 месец на темно место. Потоа исцедете ги. 
Ова вино ја подобрува дигестијата, ги отстранува стомачните грчеви и надуеноста. Се зема како аперитив или дигестив по 15 мл.

 

ajduckate treva e cudo od bilka, ajducka treva, bilka, ајдучката трева е чудо од билка, ајдучка трева​ 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 43807 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 Март

19 Март

Во 1955 година, во западна Германија е роден познатиот актер Волтер Брус Вилисон, или познат во филмската светска јавност како Брус Вилис. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус